Достапни линкови

Русија го прекина договорот со Украина за руската база на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се прекинува договорот со Украина за руската црно-морска воена база на Крим. Овој закон во изминатите денови помина и во двата дома на рускиот парламент. Русија и Украина имаа договор, според кој, руската флота на Крим останува 25 години, во замена за пониска цена на рускиот гас за Украина. Москва го анектираше Крим и го припои кон Русија, па затоа смета дека веќе нема основа да и дава бенефиции на Украина за поморската база на полуостровот.
XS
SM
MD
LG