Достапни линкови

Прогласена вонредна состојба во делови од Чиле


Претседателката на Чиле, Мишел Бачелет прогласи вонредна состојба во северните делови на земјата, по силниот земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди тој регион. Има извештаи дека досега најмалку 5 лица загинале. Бачелет изјави дека сеуште е рано за да се проценат штетите, а владата превзема мерки за помош на настраданите. Властите на Чиле објавија и тревога од цунами во северните провинции откако изутрината, 45 минути по земјотресот, се појавија бранови од 2 метри.
XS
SM
MD
LG