Достапни линкови

logo-print

Кери: прерано е да се отфрлат мировните разговори на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е премногу рано да се отфрлaт изгледите за мировни разговори меѓу Израел и Палестинците, велејќи дека "многу можности" се во игра. Кери рече претседателот на палестинските власти Махмуд Абас се согласил да го одржи своето ветување да продолжат да преговараат со Израел до крајот на месецов. Забелешките на Кери во Брисел на состанокот министрите за надворешни работи на НАТО дојдоа откако Абас потпиша повеќе од десетина меѓународни конвенции во вторникот, повикувајќи се на бесот кон Израел околу одложувањето на ослободувањето на затворениците . Неговиот неочекуван потег беше во насока на зацврстувањето на состојба на Палестинците во глобалните тела, пркосејќи им на Израел и САД.. Кери веднаш најави дека ќе ја откаже посетата на регионот.
XS
SM
MD
LG