Достапни линкови

НАТО ќе ја прекине воената соработка со Русија


НАТО ќе ја суспендира „секоја практична цивилна и воена соработка" со Русија како одговор на анексија на Крим од Украина од страна на Москва. Министрите,на понеделничкиот состанок во Брисел сепак рекоа дека политичкиот дијалог со Москва ќе продолжи во рамките на Советот НАТО-Русија. Министрите на НАТО, исто така, се состана во вторникот со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Украина. Министрите на НАТО се согласија да ја зајакнат соработката и промовирањето на реформите во одбраната со Украина преку обука и други програми. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, во вторникот предупреди дека кризата во Украина ризикува создавање на "нови линии на поделба" во Европа. Тој исто така рече дека не гледа докази за повлекување на руските војници од граничните области со Украина.
XS
SM
MD
LG