Достапни линкови

Насила растурени демонстранти во Анкара


Турската полиција, со водени топови ги растерала демонстрантите во Анкара, кои протестирале против нерегуларностите на локалните избори што се одржаа во минатата недела. Партијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган прогласи победа и во најголемите градови, Анкара и во Истанбул. Опозицијата смета дека на некои места изборите не биле регуларни. Официјалните резултати сеуште не се соопштени.
XS
SM
MD
LG