Достапни линкови

Тимошенко предлага широка амнестија во Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко изјави дека нејзината партија предложила широка амнестија во земјата, која го опфаќа периодот од независноста во 1991-ва година. Во обраќањето до новинарите во Киев, Тимошенко најави дека за законот ќе се расправа во парламентот во наредната недела. Според неа, со амнестијата ќе бидат опфатени околу 70 илјади луѓе, меѓу кои и илјадници сопственици на мали и средни бизниси кои се нашле зад решетки бидејки одбиле да ја подржат партијата на Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG