Достапни линкови

logo-print

Над 150.000 жртви во сирискиот конфликт


Над 150.000 луѓе, од кои 8.000 деца се убиени во сирискиот конфликт , соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.

Според оваа невладина организација 58.000 од загинатите се членови на владините сили, а речиси 38.000 се борци на опозицијата. Конфликтот во Сирија започна во март 2011 година со мирни анти владини демонстрации.

По жестоката репресивна операција на режимот дел од опозицијата се кренаа на оружје и во земјата започна граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG