Достапни линкови

Македонија на 113 место во светот според БДП


Во годишниот извештај на Светска книга на фактите што ја објавува ЦИА, Македонија со Бруто Домашен Производ од 10.800 долари е на 113 место во светот.

На Балканот и во Европа меѓу најсиромашните земји се Албанија која е на 131 место меѓу 228 држави со БДП од 8.200 долари и БиХ на 130 место до 8.300 долари БДП.

Хрватска е на 78 место 17.800 долари , Црна Гора е на 107 место со 11.900 долари, Србија на 111 место со БДП од 11.000 долари.

Во извештајот се анализираат редица економски, социјални и политички показатели на држави во светот.
XS
SM
MD
LG