Достапни линкови

Газпром ја зголеми цената за гас за Украина


Газпром соопшти дека ја зголемува цената на гас за Украина на 385,5 долари за 1000 кубни метри.

Зголемувањето важи за вториот квартер, а претходната цена изнесуваше 268,5 долари за 1000 кубни метри гас.

Претседателот на Газпром Алексеј Милер во Москва изјави дека украинскиот долг за гас изнесува 1,7 милијарди долари.

Со денешното покачување на цената за над 40 насто заврши дисконтот договорен пред политичката криза во Украина во која од власта беше остранет претседателот Виктор Јанукович, подржан од Москва, а Русија пак изврши анексија на украинската област Крим.
XS
SM
MD
LG