Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок на НАТО за Украина


Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат денеска во Брисел за да разговараат за ситуацијата во Украина. Ова е прв состанок на Алијансата по руската воена окупација и анексија над украинскиот регион Крим. НАТО отфрли воена интервенција во Украина, но презеде чекори да ги обезбеди членките од источна Европа, особено балтичките држави, каде што САД испратија дополнителни воени авиони кои таму учествуваат во редовните патроли.
Според дипломатски извори, министрите денеска најверојатно ќе разговараат за повеќе опции, од засилени воени вежби и праќање повеќе сили во источните земји- членки, до постојано позиционирање на сили на алијансата таму.
На состанок со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчитција, се очекува министрите на НАТО да понудат помош за да ги направат украинските оружени сили поефикасни.
Министрите ќе ја преиспитаат соработката со Русија, но останува нејасно дали денеска ќе најават идни чекори.
XS
SM
MD
LG