Достапни линкови

logo-print

Неформален состанок за Крим на СБ на ОН


Советот за безбедност на ОН одржа неформален состанок за ситуацијата во Крим. На него учествуваа и членови на татарското малцинство на Крим, меѓу кои и Мустафа Џамилев, нивен лидер и поранешен советски дисидент.
Состанокот беше организиран од страна на Литванија, чиј заменик амбасадор во ОН, Рита Казрагиен изјави дека средбата им дава прва можност на членките да ја слушнат загриженоста на кримските Татари во врска со пристрасноста на медиумите и за малцинските права.
Русија ја бојкотираше оваа сесија на Советот. Во соопштение, мисијата на оваа земја во ОН истакна дека состанокот е планиран не за да даде објективна слика за настаните во регионот, туку за да изведе пристрасно пропагандно шоу.
Казрагиен смета дека повеќе членки на Советот за безбедност гледаат на референдумот за статусот на Крим како на нелегален и не ја признаваат неговата анексија.
XS
SM
MD
LG