Достапни линкови

Кери во нова мисија на Блискиот Исток


Американскиот Државен секретар Џон Кери се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид за заживување на блискоисточниот мировен процес. Кери, кој вчера се врати на Блискиот Исток, денеска треба да се сретне и со палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Израелците и Палестинците се соочени со крајниот рок до 29 април, до кога треба да договорат рамка за идната мировна спогодба, но постигнат е мал напредок. Израел бара Абас да ја признае еврејската држава, што тој одбива да го стори. Палестинците се жалат во врска со израелската продолжена изградба во Западниот Брег и во источен Ерусалим. Исто така, Палестинците имаат забелешка за израелската одлука во саботата да не ја ослободат четвртата група палестински затвореници.
XS
SM
MD
LG