Достапни линкови

logo-print

Црна Гора- бесплатно здравство и во приватните установи


Граѓаните на Црна Гора од денеска ќе можат без никаква документација да го користат правото на бесплатна здравствена заштита во приватните установи, со кои Фондот за здравствено осигурување има потпишано договор. Црногорците ќе можат да се лекуваат во приватните установи доколку во рок од 30 дена не ја добијат истата услуга во државните здравствени институции.
Црногорското Министерство за здравство ги задолжи сите здравствени установи на своите веб страници да објават список на приватните амбуланти со кои имаат потпишано договор.
XS
SM
MD
LG