Достапни линкови

Времето денеска сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од нула до седум, а дневната ќе биде од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Утре попладне ќе има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а поизразен влажен бран се очекува за време на викендот.
XS
SM
MD
LG