Достапни линкови

Путин: мерки за деблокада на Трансдњестар


Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел изјавил дека биле неопходни мерки за отстранување на, како што соопшти Кремљ, блокдата во која се наоѓал молдавскиот сецеонистички регион Трансдњестар. Путин истото му го кажал и на американскиот претседател Барак Обама за време на нивниот телефонски разговор во петокот. Трансдњестар во кои главно живеаат руси прогласи независност од Молдавија во 1990 година. Две години потоа дојде и до куса војна која заврши по интервенцијата на руската војска. Околу 1400 руски војници се уште се наоѓаат во Трансдњестар. Путин во разговорот со Меркел изјавил дека во Украина биле потребни уставни измени со цел да се заштитат интересите на жителите кои не се украинци.
XS
SM
MD
LG