Достапни линкови

Светот бара воздржаност на Корејскиот Полустров


Светските сили повикаа на воздржаност на Корејскиот Полуостров откако Северна и Јужна Кореа денеска разменија артилерски оган. Белата куќа ја оцени акцијата на северна Кореа како опасна и провокативна, а Москва и Пекинг изразија загриженост за ескалацијата на тензиите. Јужна Кореа соопшти дека истрелала артилерски гранати во територијалните води на Северна Кореа како одговор на гранатите што претходно паднале во јужнокорејските води. Воени извори во Сеул соопштија дека гранатите не паднале на копно или врз некоја воена позиција во Северна Кореа која одржува воени вежби со боева муниција.
XS
SM
MD
LG