Достапни линкови

logo-print

Прв кинески претседател во посета на ЕУ


Си Џинпинг

Си Џинпинг

Си Џинпинг е првиот кинески претседател кој го посети седиштето на Европската унија во Брисел. Тој на крајот од неговата европска турнеја денеска разговараше со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, како и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Како главни теми на разговорите се посочени кризата во Украина, почитувањето на човековите права и трговските прашања. Европската унија и е најголем трговски партнер на Кина со размена од милијарда долари дневно. Си Џинпинг претходно престојуваше во Германија, Франција и Холандија.
XS
SM
MD
LG