Достапни линкови

Два пожара за четири дена во Националниот парк Галичица


Во Националниот парк Галичица за само четири дена се случиле два пожара, со кои е зафатена вкупна површина од 6 хектари. Од Националниот парк апелираат на поголема внималеност при посетата на Галичица.

Во Националниот парк Галичица за само четири дена се случиле два пожара. Од таму се сомневаат дека истите биле подметнати намерно и апелираат до граѓаните да внимаваат што прават бидејки казните биле многу големи и се движат од 1.500 до 3.000 евра за физички и од 6.000 до 8.000 евра за правни лица. Во двата пожара нема голема материјална штета, благодарение на брзата интервенција на тимовите од НП Галичица и територијалната противпожарна единица од Охрид, вели Наумче Новески од НП Галичица.
Првиот пожар зафати 2 хектари и според истражувањето повеќе од очигледно е дека е намерно запален, а според наше искуство тоа е некој кој чува овци. Во вториот пожар вкупната ниска вегетација која изгоре зафати површина од 4 хектари.


„Првиот пожар зафати 2 хектари и според истражувањето повеќе од очигледно е дека е намерно запален, а според наше искуство тоа е некој кој чува овци. Знаеме дека ги палат пасиштата, за после неколку години да имаат подобра храна за овците. Имаме и индиции кој е сторителот и сето тоа е предадено до органите за прогонот. Во вториот пожар вкупната ниска вегетација која изгоре зафати површина од 4 хектари. И овде се гледа дека пожарот е од посетители, пронајдени се траги од правење скара“, вели Новески.

Ѓуро Јовчевски раководител на службата за брзи интервенции вели дека располагаат со 24 часовна мобилна екипа која може да реагира во секое време.

„Ние сме должни според законот први да реагираме. Во 2013 година имавме еден пожар во Стење, во еден часот на полноќ се собравме и заминавме. Поучени од 2007 година ја формиравме и оваа единица“, вели Јовчевски.
Ние сме должни според законот први да реагираме. Во 2013 година имавме еден пожар во Стење, во еден часот на полноќ се собравме и заминавме. Поучени од 2007 година ја формиравме и оваа единица.


Новески вели дека Галичица станува се попривлечна за туристички посети. Само минатата година имало зголемување на бројот на туристи за 10 отсто.

„Штета е она што имаме да им го понудиме на туристите да не го понудиме поради штети од пожари. Не постои ден каде што до нас не стигнува службено барање за најавување на групи. Паркот го исфрливме како точка во Македонија кој туристички треба да се искористува со сите тие 350 километри на патеки кои ги имаме за пешачење“, вели Новески

Од Националниот паркот велат дека на седум главни влезови во паркот се поставени дигитални бројачи за посетители и преку нив се регистрираат сите возила, пешаци и велосипедисти кои поминуваат низ паркот. Минатата година паркот го посетиле и туристи од Јапонија што било резултат на одличната промоција на паркот. Паркот располага и со двајца лиценцирани водичи за планина. Новески информира дека наскоро ќе бидат воведени и влезници.
XS
SM
MD
LG