Достапни линкови

logo-print

Почна нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина


Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ги почнаа разговорите со високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон во рамките на новата рунда на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. На разговорите учествува и потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ. Главно се разговара за формирање Заедница на српските општини на Косово за што двете страни досега не успеале да постигнат договор. Претходната рунда од овој дијалог се одржа на 12 февруари.
XS
SM
MD
LG