Достапни линкови

Дозволивме да трчаме по партиите, место тие по нас


,,Позитивни пораки и зајадливи закачки,, - ја оценуваат дел од политиколозите првата недела на кампањата за претседателските избори.

Редовниот Пиле оценува дека според настапот на поедини кандидати, досегашниот тек на претседателската кампања е продолжение на кампањата за предвремени парламентарни и дава одговор зошто владејачката ДПМНЕ се одлучи за двојни избори: ако се одеше само на редовни претседателски, кампањата би траела не повеќе од два часа на некоја телевизија, претпоставувам кај Миленко или кај Јанко, пишува Пиле.

А Јелена, со симболична дестинација Авганистан, наведува зошто нема да гласа за професор Иванов: затоа што неговиот гуру ја води кампањата исто како тој да е претседателски кандидат, зашто н¢ доведоа до дното, затоа што се срамам што некогаш сум гласала за нив и за коалицијата... Жалосно и тешко време следи доколку овие повторно ги добијат изборите, тврди Јелена.

По прилогот со прегледот на понудата на двете албански партии во Македонија, Бургија прашува кога народот ќе почне да размислува со своја глава што мора да прават граѓаните како ќе кажела партијата. Толку ли не знаеме да резонираме самите што е добро а што не. Дозволивме да трчаме по партиите, наместо тие да трчаат по нас и да н¢ прашуваат за секоја нивна намера, резигнирано коментира Бургија од Зрзе.

Вие и Фаланга 2

Одбивањето на германските власти да го екстрадираат второобвинетиот во случајот Фаланга, Давид Шекуларац, го предизвикало Александар од Пела да напише дека кога тие во Германија го читале барањето не знаеле дали да плачат или да се смеат на обвиненијата од нашето партизирано судство, а Кире од Скопје се чуди како Интерпол продолжува да се одзива на македонските потерници.
За ДБ, исто така од Скопје, одлуката на германските власти е класичен нокаут за македонското правосудство и прашува дали некој ќе одговара за монтираниот судски случај ,,Фаланга 2,,?
Еј, до каде сме стигнале, веќе е срамно што релевантни меѓународни фактори заклучуваат дека во македонското правосудство нема обвинителство и судови, туку само партиски комитети кои лиферуваат наводни обвиненија и однапред донесени пресуди, извикува ДБ.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG