Достапни линкови

Кери во посета на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Џон Кери, по втор пат за една недела е во посета на Блискиот Исток. Предвидено е Кери да го посети Израел и палестиските територии. Портпарол на Стејт Департментот изјави дека по консултацијата со неговиот тим, Кери решил дека ќе биде продуктивно ако повторно го посети регионот. Кери, во минатата недела накратко ја прекина посетата на Рим и отпатува во Аман, каде што се состана со палестинскиот лидер Махмуд Абас со цел да го убеди да ги продолжи преговорите со Израел.
XS
SM
MD
LG