Достапни линкови

logo-print

Медведев: Крим ќе биде специјална економска зона


Симферопол, 31.03.2014, Дмитриј Медведев

Симферопол, 31.03.2014, Дмитриј Медведев

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, кој денеска е во посета на Крим, изјави дека Москва ќе го направи полуостровот специјална економска зона, со цел да привлече инвеститори. Во Симферопол, Медведев нагласи дека целта е да му се овозможи на Крим да создава значителен приход за сопствениот развој. Медведев е највисокиот руски полититичар кој го посетува Крим, откако Русија го анектираше.
XS
SM
MD
LG