Достапни линкови

Пакистан: Мушараф обвинет за предавство


Первез Мушараф

Первез Мушараф

Поранешниот пакистански воен лидер Первез Мушараф денеска и официјално е обвинет за предавство. Тој изјави дека не бил виновен за ниту едно од петте обвинувања што му беа прочитани од специјалниот трибунал во Исламабад. Судот нареди и апсење на Машараф ако тој не се појави на сослушувањата. Ова следуваше откако Мушараф неколку пати не се појави на судењето кое почна во декември минатата година. Мушараф се повлече од власт во 2008 година.
XS
SM
MD
LG