Достапни линкови

Медведев на Крим


Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска пристигна на Крим. Тоа е највисок руски државник кој престојува на Крим по руската анексија од Украина. Тој на твитер напиша дека денеска во Симферопол владата ќе разговара за идниот развој на Крим. Анексијата на Крим не е призната од меѓународната заедница, а Соединетите држави, Европската унија и Обединетите нации ја оценија за незаконска. Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во Париз четири часови разговараа за кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG