Достапни линкови

logo-print

Грчкиот парламент за договорот со „тројката“


Грчкиот Парламент на полноќ го усвои законот за договорот со „тројката“ со што е отворен патот за доделување на следната транша од помошта за спас на земјата. Законот предизвика големи турбуленции не само меѓу партиите на власт и во опозиција, туку и меѓу пратениците од владејачката коалиција. Меѓу оние што гласаа „против“ беше и поранешниот премиер и пратеник на ПАСОК Јоргос Папандреу, додека пратеникот на ПАСОК и поранешен претседател на Парламентот Апостолос Какламанис не гласаше. „Презедовме голем чекор кон утрешна Грција. Продолжуваме со голем оптимизам и голема сила“, изјави премиерот Андонис Самарас по гласањето.
XS
SM
MD
LG