Достапни линкови

logo-print

Кери и Лавров четири часа разговараа за украинската криза


Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери четири часа разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за кризата во Украина. Кери изјави дека се согласиле со Лавров оти дипломатијата е најдобриот начин да се смири ситуацијата во Украина. Според него, нема да бидат донесени никакви одлуки за земјата без согласност од Украинците.
Кери порача и дека му ставил јасно на занаење на Лавров дека за САД мерките кои ги презема Русија во Крим се незаконски и нелегитимни. Тој го покренал прашањето и за присуството на руската војска на украинската граница, кое според него создава клима на страв.
XS
SM
MD
LG