Достапни линкови

Франција : се одржува вториот круг од локалните избори


Француските гласачи денеска гласаат во вториот круг на локалните избори кои многумина ги гледаат како референдум за претседателот Франсоа Оланд во првите две години од доаѓањето на власт. Владејачката Социјалистичка партија е во дефанзива во својot обид да ја задржи градската власт и покрај рекордно нискиот рејтинг на Оланд и низата срамни скандали. Анкетите покажуваат дека главен ривал на социјалистите е централно-десничарската УМП која подготвена да освои голем број градови, вклучувајќи ги Стразбур и Тулуз. Бенефит од изборите се очекува да извлече и екстремно десничарскиот Национален фронт. Анти-имиграциската партија се надева на победа во околу 10 градови. Гласачите избираат советници и градоначалници во повеќе од 36.000 општини.
XS
SM
MD
LG