Достапни линкови

Ирак: во два одделни напади загинаа 12 лица



Во два одделни напади во Ирак загинаа 12 лица. Ирачките власти рекоа дека вооружени лица убиле седум војници при нападот на контролниот пункт во близина на северниот град Мосул. Исто така, бомбаш-самоубиец активираше возило полно со експлозив на мост во западниот град Рамади, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени седум други. Експлозијата тешко го оштети на мостот Хауз, клучниот премин кој се користи од страна на цивили за поврзување на северот и југот од градот. Безбедносните сили се 'уште се борат да задржат целосна контрола над Рамади, откако милитантите презедоа неколку населби пред два месеци. Денешните нападите се случуваат еден месец пред парламентарните избори кои остануваат во конфузија по масовните оставки на изборните комисии минатата недела.
XS
SM
MD
LG