Достапни линкови

Кинескиот претседател во посета на Белгија


Кинескиот лидер Кси Јинпинг ја започнува тридневната посета на Белгија откако неговата европска турнеја влезе во последна фаза. Добредојде му беше посакано од страна на белгискиот премиер Елио Ди Рупo а тој таму ќе се сретне и со белгискиот крал Филип и кралицата Матилда. Ова ќе биде прва посета до сега на еден кинески шеф на државата на седиштето на Европската унија. Тој треба да се состане во понеделник со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
XS
SM
MD
LG