Достапни линкови

Северна Кореа нема да се откаже од нов нуклеарен тест


Северна Кореа соопшти дека "нема да се откаже“ од нов нуклеарен тест по лансирањете проектили со среден опсег што предизвика голема меѓународна осуда. Министерство за надворешни работи ова го соопшти во вторникот преку државната новинска агенција , велејќи дека секој тест ќе биде "со цел зајакнување на нивниот нуклеарен одговор". Во петокот претседателот на Јужна Кореја Парк Гун- хе предложи широк спектар на економска помош за осиромашената Северна Кореја ако се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма. Тензиите околу Северна Кореја се зголемија откако пробно истрела два балистички проектили со среден опсег во средата како одговор на присуството на Барак Обама на самитот меѓу Јапонија и Јужна Кореја во Хаг . Советот за безбедност на ООН го осуди ова како повреда на резолуциите.
XS
SM
MD
LG