Достапни линкови

Четиринаесет партии доставиле листи на кандидати за пратеници


Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија за претстојните парламентарни избори закажани за 27 април.
До полноќ кога истекуваше рокот, листи за пратеници поднеле ВМРО - ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз, Демократската унија за интеграции (ДУИ), ВМРО-НП, Демократската партија на Албанците (ДПА), Националнатa демократска преродба (НДП), ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП и Партијата за економски промени 21 и СДПМ.
ДИК има рок од 48 часа да утврди дали листите се доставени во согласност со одредбите на Изборниот законик, по што им се дава рок на партиите да ги отстранат евентуалните недостатоци.
XS
SM
MD
LG