Достапни линкови

Пронајдените објекти не биле дел од исчезнатиот авион



Официјални претставници изјавија дека објектите подигнати од Индискиот Океан со бродови во текот на вчерашниот ден, не се дел од исчезнатиот малезиски авион. Австралиските власти за поморска безбедност изјавија дека предметите се материјал за риболов и ѓубре. Десет авиони од Австралија, Јапонија, Кина, Кореја, САД и Малезија беа ангажирани во потрагата во областа 1850 километри западно од Перт. Два австралиски брода кои треба да пристигнат во областа во вторник носат хеликоптер и американска "црна кутија" локатор. Трка со времето за да се лоцира гласот и податоците од летот бидејќи нивните батерии се подесени да се потрошат на 7 април.
XS
SM
MD
LG