Достапни линкови

Нуланд во посета на Молдавија поради стравувања од Русија


Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд ќе ја посети Молдавија. Нуланд ќе се сретне со молдавскиот претседател Николај Тимофти и премиерот Јури Леанка во Кишињев. До средбата доаѓа откако висок командант на НАТО ја предупреди малата источноевропска земја дека би можела да биде следната цел на Русија по присоединување на украинскиот регион на Крим. Минатата недела највисокиот воен официјален претставник на НАТО, американскиот генерал на воздухопловните сили Филип Бридлав, предупреди на можен руски упад низ Украина со цел да го окупира Трансдњестар. Трансдњестар прогласи независност од Кишињев во 1990 година поради стравувањата дека Молдвија може да бара обединување со соседна Романија. Двете страни водеа кратка војна во 1992 година, која заврши кога руската војска интервенираше на страната на Трансдњестар. Русија сеуште има околу 1.400 војници во Трансдњестар.
XS
SM
MD
LG