Достапни линкови

Милионерот Андреј Киска нов претседател на Словачка


Словачка вчера го избра за нов претседател, 51-годишниот милионер без ниту ден политичко искуство, Андреј Киска. Финансиерот и филантроп Киска, со 59,4 насто освоени гласови го победи најпопуларниот политичар во Словачка, премиерот Роберт Фицо кој освои 40,6 насто од гласовите на вчерашниот втор круг од изборите. Премиерот Фицо го призна поразот и му честиташе на Киска уште синоќа кога преброените половина од гласовите ја покажаа неговата убедлива предност. Киска функцијата ќе ја преземе во јуни, кога му истекува мандатот на сегашниот претседател, Иван Гаспарович. Успехот на Киска на изборите како човек кој им е малку познат на Словаците, кој бил само еден од топ менаџерите за 2006 година и по добротворната фондација Добар ангел, без политичко искуство, аналитичарите му го припишуваат на феноменот на неполитичка политика и трагање по алтернативи на политичарите кои се извалкани од корпција и скандали.
XS
SM
MD
LG