Достапни линкови

logo-print

Украина: Турчинов ја посети Белорусија


Украинскиот вршител на должноста претседател, Олександар Турчинов ја посети Белорусија при што се сретна со претседателот Александар Лукашенко. Канцеларијата на претседателот на Белорусија соопшти дека средбата се одржала во резиденцијата на Лукашенко во селото Лиасковичи, во близина на украинската граница. Во соопштението не се наведени дополнителни детали. Лукашенко изјави денеска во интервју за украинска телевизија дека планира да се состане со Турчинов во блиска иднина. Лукашенко во интервјуата рече "ние сме соседи", и "најважни се луѓето во Украина и во Белорусија." Тој додаде и дека "треба да се зборува и со ѓаволот ако е потребно за да се спречи работите од влошуваат." Белорусија беше една од 11 земји, заедно со Русија, која во четвртокот гласаше против резолуцијата на Генералното собраниена ООН која ја осудува руската анексија на Кримскиот Полуостров од Украина овој месец.
XS
SM
MD
LG