Достапни линкови

Лидерот на кримските Татари побара автономија


Лидерот на Кримската Татарска заедница побара автономија за 300 000-те припадници на домородното муслиманското малцинство на полуостровот . Рефат Чубаров им се обрати на стотиците делегати кои се собраа во Бакчисари за да одлучи дали да се одржи референдум меѓу кримските Татари да се определи нивната иднина. Чубаров побара од делегатите да го одобрат отпочнувањето на политичките и правните процедури во насока на создавање етнички и територијална автономија на кримските Татари на нивната историска територијата на Крим.
XS
SM
MD
LG