Достапни линкови

Склучен првиот хомосексуален брак во Велика Британија


Во Велика Британија е склучен првиот истополов брак откако ноќеска на полноќ стапи на сила во Англија и Велс законот кој одобрува истополови бракови . Политичарите од главните партии ги поздравија измените во законот, а премиерот Дејвид Камерон изјави дека овој потег испрати порака дека луѓето сега се еднакви без оглед на сексуалната ориентација. Шкотска донесе сличен закон во февруари, а првите бракови од ист пол се очекувата тамуво текот на годинава. Северна Ирска нема планови да го следи примерот. Граѓански партнерства се легални во Велика Британија од 2005 година, и тие ги имаа истите законски права што е бракот. Бројот на земји кои ги легализираа хомосексуалните бракови порасна на околу 17 откако Холандија го направи првиот потег во 2000.
XS
SM
MD
LG