Достапни линкови

logo-print

Киев: Кличко се откажува од претседателската трка, ќе го поддржи Порошенко


Украинскиот политичар Витали Кличко рече оти одлучил да не учествува на предвремените претседателски избори во мај. Обраќајќи се на конгресот на неговата партија, поранешниот боксер кој стана политичар, рече дека наместо тоа ќе ја поддржи кандидатурата на Петро Порошенко. Бизнисменот ја поднесе својата кандидатура за изборите во четвртокот. Кличко изјави дека Порошенко "ужива најсилна јавна поддршка." Тој, исто така, најави дека планира да се кандидира за градоначалник на Киев.
Поранешниот премиер Јулија Тимошенко, кој беше главен политички ривал Јанукович, исто така, објави дека планира да се кандидира повторно за претседател. Кандидатите имаат рок до 4 април да се пријават.
XS
SM
MD
LG