Достапни линкови

Турција:Партијата на правдата и развојот се очекува да победи на локалните избори


Во Турција денеска се одржуваат последните митинзи пред утрешните локални избори, на кои според анкетите сигурен победник е Партијата на правдата и развојот (АКП) на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) денеска ќе одржи митинг во Истанбул.
Ердоган вчера ги откажа предизборните митинзи во Централна Турција поради проблеми со гласот.
Лидерот на Партијата на националистичката акција (МХП) Девлет Бајчели имаше митинзи во повеќе од 50 турски окрузи, додека лидерот на прокурдската Партија за мир и демократија (БДП), Селјахатин Демирташ вчера ја заврши предизборната кампања во југоисточниот округ Шанлурфа.
Резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Конда“, позната по своите точни прогнози, покажуваат дека владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) ќе победи на локалните избори со 46 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG