Достапни линкови

Авганистан: нападнато седиштето на Независната изборна комисија


Милитанти го нападнаа седиштето на авганистанската Независна изборна комисија (IEC) во Кабул. Министерството за внатрешни работи рече дека три или четири вооружени лица влегле во блиската зграда и пукале на изборната комисија. Еден полицаец изјави дека напаѓачите биле со седиште во трикатна куќа која се наоѓала на околу 500 метри оддалеченост од седиштето на IEC. Нема податоци дали има жртви. АФП изјави дека Талибанците ја презеле одговорноста за нападот преку Твитер. Насилството дојде една недела пред претседателските избори и по серијата смртоносни напади во главниот град.
XS
SM
MD
LG