Достапни линкови

logo-print

Обама - Русија да ги повлече трупите од границата со Украина


Американскиот претседател Барак Обама ја повика Русија да ги повлече своите војници од областите околу украинската граница и да стане одговорен дел на меѓународната заедница.

Обама во интервјуто за Би-Ес рече дека руските трупи се концентрираат по должината на границата со Украина "под маската на воени вежби".

Обама повторно ја охрабри Русија да отвори дијалог со новата влада во Украина за да се намалат тензиите.

Обама, исто така, рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин длабоко жали за она што тој го смета како загуба по распадот на Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG