Достапни линкови

ДИК место 8 доби 7 милиони евра за изборите


Државната изборна комисија за претседателските и предвремените парламентарни избори ќе располага со околу седум милиони евра, средства што за оваа намена биле одобрени од Владата.

Побарувањето на ДИК до Владата за одржување на двата изборни процеси изнесуваше околу осум милиони евра. Од Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори досега се избришани 139 лица, а запишани се двајца, информираше потпретседателот Јакупи.

Во недела истекува рокот на јавниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори и за пријавување за гласање на државјаните кои живеат и работат во странство.
XS
SM
MD
LG