Достапни линкови

Путин со пофалби за руските сили на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските воени сили на Крим покажале високо ниво на подготвеност. На една воена церемонија во Москва, Путин оцени дека руските војници покажале професионализам со избегнувањето на провокации и спречување на крвопролевање за време на припојувањето на Крим кон Русија. Путин му наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да и ја врати на Украина опремата и оружјето на украинските сили, кои си заминаа од Крим. Шојгу, пак, денеска изјави дека сите украински воени инсталации на Крим, сега се под руска контрола.
XS
SM
MD
LG