Достапни линкови

Партијата на Ердоган веројатен победник на локалните избори во Турција


Турската владејачка Партија на правдата и развојот, на премиерот Реџеп Таип Ердоган, ќе победи на локалните избори, што ќе се оддржат во недела, со 46 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Конда“, позната по своите точни прогнози.
Според резултатите од анкетата спроведена на 22 и 23 март, на второ место ќе биде Републиканската народна партија со 27 проценти.
Агенцијата „Конда“ на парламентарните избори во 2011 година ја даде најточната прогноза за крајниот исход од гласањето.
XS
SM
MD
LG