Достапни линкови

Јанукович повикува на референдум за сите региони во Украина


Екс претседателот на Украина, Виктор Јанукович повикал во Украина да се одржи национален референдум за статусот на сите региони во земјата. Руската агенција Интерфакс денеска објави дека добила пишана изјава од Јанукович, во која тој повикува на референдум. Според него, планот на владата во Киев, во мај да одржи претседателски избори, ќе ја дестабилизира земјата, а моменталната власт во земјата ја смета за неуставна. Јанукович ја напушти Украина во февруари и од тогаш е во Русија, која сеуште го смета за легитимен претседател.
XS
SM
MD
LG