Достапни линкови

Променета областа за пребарување на малезискиот авион


Австралиските власти соопштија дека областа за пребарување во потрагата по малезискиот авион е променета порани „нов веродостоен траг“ дека авионот летал многу побрзо отколку што претходно се мислеше, пред да се урне во Индискиот Океан. Десет авиони и шест бродови од шест земји – Австралија, Кина, Јапонија, Ноз Зеланд, Јужна Кореја и САД, се вклучени во потрагата. Новата област што се пребарува е на 1.100 километри североисточно од областа која се пребаруваше изминатава недела далеку од западниот брег на Австралија. Новата област е 319 илјади квадратни километри. Малезискиот авион Боинг 777 што леташе од Куала Лумпур кон Пекинг исчезна на 8 март.
XS
SM
MD
LG