Достапни линкови

Крајно десничарскиот Десен сектор на протести пред украинскиот парламент


Припадниците на крајно десничарската организација во Украина Десен сектор протестираа пред украинскиот парламент. Американскиот амбасадор во Украина Џефри Пајат синоќа објави фотографија од демонстрантите на неговиот Твитер профил. Организацијата е гневна поради убиството на еден од нејзините лидери Олександер Музичко оваа недела. Демонстрантите извикуваа „Трибунал!“ и бараат оставка од министерот за внатрешни работи. Музичко беше убиен под неразјаснети околности додека полициски специјалци се обидуваа да го уапсат. Проценките за бројот на демонстранти се движат од неколку стотини до повеќе од 1000.
XS
SM
MD
LG