Достапни линкови

logo-print

Пакистански христијанин осуден на смрт за богохулење


Оштетени домови на христијани во Пакистан.

Оштетени домови на христијани во Пакистан.

Судот во Лахоре осуди на смрт пакистански христијанин за богохулење. Случајот минатата година предизвика немири во земјата. Судењето на Саван Малиш се одржа во затворот во кој е сместен, поради стравувања дека може да биде нападнат на пат кон судницата. Пред една година Малиш беше обвинет дека зборува лоши работи за пророкот Мухамед. Иако полицијата го уапси Малиш, населбата во кој живее тој, како и останатите места во кои живее христијанско население беа напаѓани и пљачкосувани, се палеа куќи и се уништуваа домови. Стотици христијански семејства ги напуштија областите, но наводно, повеќето се вратиле и повторно ги изградиле своите куќи. Според пакистанскиот закон, богохулењето е казниво со смрт, но сè уште не е егзекутиран некој кој е осуден за такво кривично дело.
XS
SM
MD
LG