Достапни линкови

Смртта на Березовски сè уште неразјаснета


Борис Березовски.

Борис Березовски.

Британскиот доктор по судска медицина, Питер Бедфорд, изјави дека смртта на рускиот олигарх, 67-годишниот Борис Березовски останува неразјаснета. Березовски беше пронајден во бањата од куќата на неговата поранешна сопруга во јужна Англија со марама околу вратот во март минатата година. Докторот во средата изјави дека не е можно несомнено да се заклучи дали рускиот тајкун и противник на претседателот Владимир Путин бил убиен или извршил самоубиство. Березовски го направи богатството за време на хаотичната приватизација во Русија во раните 1990-ти години. Тој подоцна се разиде со Путин и во 2001 година се пресели во Велика Британија. Неговата ќерка Елисавета пред судот изјави дека нејзиниот татко мислел дека можеби е труен.
XS
SM
MD
LG