Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза - Променливо облачно со дожд и сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и со ретки грмежи. На планините ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а доцна попладне и во вечерните часови ќе се промени правецот во северозападен. Утринската температура се движи од два до осум, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје слично време со температура до 15 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб пораст на температурата. Од понеделник ќе има поголемо затоплување на времето.

Во поголемиот дел од државата синоќа имаше силен дожд и ветер, силни грмежи и појава на град. Најмногу дожд, односно 24 литри на метар квадратен наврнале во Маврово. На планините и превоите врнежите од дожд преминаа во снег, па така на Маврово се наврнаа 6 сантиметри снег.
XS
SM
MD
LG